Услови за користење
Општи правила и услови
Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на Крафт Тулс М ДООЕЛ https://craft.mk/
Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување:
Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната https://craft.mk/ и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на Крафт Тулс М;
Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на Крафт Тулс М нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на Крафт Тулс М;
За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со Крафт Тулс М се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на Крафт Тулс М.
Крафт Тулс М ќе се залага за достапност на својата интернет страна https://craft.mk/ 24 часа во денот.
Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на Крафт Тулс М, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.
Сите податоци и информации објавени на интернет страната на Крафт Тулс М се од информативен карактер и за истите Крафт Тулс М го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.
Како резултат на специфичноста на медиумот “интернет“, доколку поинаку не е предвидено согласно позитивните прописи во Р. Северна Македонија, Крафт Тулс М не превзема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.
Називот “Крафт Тулс М“ е трговски знак на Крафт Тулс М ДООЕЛ и се забранува секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност од Крафт Тулс М ДООЕЛ. Крафт Тулс М ДООЕЛ ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак “Крафт Тулс М“.Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на Крафт Тулс М ДООЕЛ е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на Крафт Тулс М ДООЕЛ.